Србија се смилува и ја измени одлуката: Природен гас сепак ќе се извезува во Северна Македонија

Владата на Србија ја измени Одлуката за привремена забрана за извоз и достава на природен гас, со што гасот сепак ќе може да се извезува во Македонија, јави агенцијата Танјуг.

Одлуката е сменета три дена по нејзиното донесување, на 20 октомври.

Привремената забрана за извоз и снабдување е воведена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар.

Целта е да се обезбеди сигурно снабдување на српскиот пазар, се наведува во основниот текст на одлуката.

извор: Танјуг.