Анже Логар и Пирц Мусар во вториот круг од претседателските избори во Словенија

0
180

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори.

Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите.

Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември.

Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации.

MIA