Костени омилена есенска храна, еве зошто треба да ги јадеме….

0
238

Со првите есенски денови, на нашите трпези доаѓа омилената есенска храна на многумина – костените.

Се вели дека питомиот костен, латинскиот Castanea sativa, е една од првите намирници што ги јадел човекот и е најраспространет во јужна Европа и Медитеранот, додека се верува дека пристигнал во Европа преку Грција.

Но, освен по својот специфичен вкус, костенот се издвојува и по благотворното дејство на здравјето на луѓето, објави 4news.mk.

Сепак, важно е да се знае дека има питом и див костен. Питомите се за јадење, додека дивиот костен, пак, не се јаде, но има многу лековити својства.

Костените имаат двојно повеќе скроб од компирот, но не содржат глутен, па затоа се погодни за исхрана на луѓе со целијачна болест, чувствителни на глутен или алергични на пченица.

Богат е извор на витамини Ц, К, Б1, Б2 и Б6, калциум, железо и калиум, па затоа се препорачува за оние кои имаат проблеми со анемија или сакаат да ги зајакнат мускулите. Костенот содржи само еден грам масти и помалку од 70 калории на 30 грама овошје и е богат со фолати. Исто така е одличен извор на влакна.

Во костенот има и високо ниво на мононезаситени масти, па се верува дека го штити кардиоваскуларниот систем, а со тоа и здравјето на срцето.

Текстот во целост на: 4news.mk.