Приведени пијани малолетници во Битола

МВР информира дека ноќеска привеле пијани малолетницин од Битола, кои биле на журка.

-На 23.10.2022 во 22.30 часот во СВР Битола е пријавено дека во изнајмен објект на ул.„Елпида Караманди“ во Битола, каде се одржувала прослава, биле присутни малолетни лица кои консумираат алкохол.

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција, Отсек за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола излегле на местото, при што било констатирано дека на малолетници им било овозможено консумирање на алкохолни пијалаци, набавени од В.С.(19) од Битола, кој бил присутен на местото, со што постои сомнение дека сторил кривично дело казниво по чл.204 ст.1 од Кривичниот законик.

При контрола кај девет малолетници е утврдено присуство на алкохол и истите се предадени на родителите. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.