Во јануари 2024 ќе исплови најголемиот крузер на светот

Компанијата „Royal Caribbean“ открила детали за својот најголем крузер на светот – ова импозантно пловило на посетителите ќе им овозможи и многубројни базени, тематски паркови …

Ќе биде најголемиот брод за крстарење со неверојатна понуда на различни содржини за сечиј вкус.

Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024-та година. Дел од бродот е осмислен многу урбано, како Централ Парк во Њујорк. Ќе има водопад висок 16 метри, барови, тобоган, киносала, караоке и огромна тераса.

Крузерот има капацитет од 250.800 тони, долг е 365 метри и три метри подолг од крузерот „Чудо на морињата“, кој моментално е најголем на светот.

 

vesnik.mk