Кристина ќе се вика ќеркичката од познатиот македонски пејач Јордан Митев

0
243

Пејачот Јордан Митев деновиве го доби своето прво дете

Неговата сопруга Славица се породи и роди женско дете и тоа додека е заедно со Јордан на турнеја во Австралија.

Среќната вест прв на социјалните мрежи ја сподели Јордан, по што следуваа лавина од честитки од неговите фанови.

Јордан по раѓањето на неговата наследничка одржа неколку концерти во Австралија на кои се бараше влезница повеќе.

Но тој прослави и со своите пријатели за приновата во семејството, а еден негов пријател на Фејсбук сподели фотографија на која се гледа како наздравуваат за наследничката на Јордан, малата Кристина Митева, првото дете на познатиот фолк-пејач.

„Конечно наздравивме за малата македонска убавица Кристина Митева. Јордан и Даниел Митев ви благодариме за убавиот ручек, пишува под заедничката фотографија на социјалните мрежи по што следуваа бројни честитки од пријателите.

glamur.mk