Oтжнат сообраќајот со товарни бродови на реката Мисисипи

Сообраќајот со товарни бродови по реката Мисисипи, една од најважните економски артерии на САД, веќе неколку денови е отежнат поради намаленото ниво на водата предизвикано од сушата, јави викендов Ен-би-си.

-Ова е апсолутно срцепарателна слика, како резултат на продолжената суша дното на реката Мисисипи сега е брег, соопшти дописникот на Ен-би-си од Батон Руж, Луизијана.

Укажа дека нивото на реката е намалено за шест метри, што е „опасно ниско”, поради можност од насукување на товарните бродови, па затоа сообраќајот сега е намален или запрен.

-Огромните траекти што превезуваат жито или друга стока одат полека или се запрени, јави телевизијата

Во Њу Орлеанс, речниот сообраќај е намален поради намаленото ниво на вода, „незабележано досега во изминатите 70 години“.

 

24info.mk