Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ вели дека не верува дека ќе се сретне со претседателката на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, бидејќи таа веќе утре заминува од Хрватска.
-Американците побараа средба, но, не можам денеска и тоа е тоа. Не е извршната власт, за две недели нема да биде ова што е сега – рече Милановиќ.
Тој исто така додаде дека американската покана веројатно била само од куртоазија.
Тој нема да учествува на состаноците на Кримската платформа бидејќи „не знае дали е поканет, и затоа што гледа многу цинизам и нечесност кон кутриот украински народ и не сака да биде уште еден „позер“ кој ќе учествува во него“.
– Тоа е иницијатива на претседателот на парламентот, јас сум претседател на државата и затоа не учествувам. Се додека Хрватска не е нападната и не е во војна, јас нема да учествувам – вели Милановиќ.