СДСМ: Хаос во јавните претпријатија во Скопје поради ВМРО-ДПМНЕ

0
246

На Град Скопје му се случува хаос, јавните претпријатија се на раб на функционалност, а граѓаните не ги добиваат услугите навремено и квалитетно.

Скопје за прв пат остана без јавен превоз, се заканува нова криза, овој пат во ЈП „Водовод и канализација“, нема проекти, нема инвестиции, нема развој, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Вината за ваквиот хаос во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста.

ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тој ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување.

Тие УО се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните и му приредуваат нова катастрофа на Градот Скопје.

извор: СДСМ