Цеца огорчена поради нападот на синот од Вики Миљковиќ

0
245

Вчера во Белград мигранти го нападнале синот на Виолета Вики Миљковиќ, малолетниот Андреј Ташковиќ, а напаѓачот денеска е идентификуван.

Нејзината кума Светлана Цеца Ражнатовиќ е огорчена поради несреќниот настан.

Страшно е и ова не е прв случај кога се во прашање мигрантите, особено кога се во прашање децата. Знам многу случаи на девојки кои се плашат сами да се вратат од факултет кога имаат доцна навечер предавања и затоа се движат групно – изјавила Цеца за медиумите.

Моите деца се пораснати, секако дека не се плашам за Вељко, а што се однесува до Анастасија, таа е внимателна како и секоја друга девојка. Никогаш не знаеш дали ќе наидеш на мигранти или на психички растроен човек – додала пејачката.

 

ubavinaizdravje.mk