Одземено бесправно посечено огревно дрво

0
317
На ден 23.10.2022 година во 18 часот од страна на реонскиот шумочувар, во делот на оддел 22а во ШСЕ Рабетинска река откриено е дабово огревно дрво, исечено и дотурено на пристапен пат спремно за носење. По извршената контрола констатирано е дека дрвата не се жигосани и истите се одземени и пренесени во складот на Лопушник Кичево.
На ден 24.10.2022 година од страна на реонските шумочувари во 15.30 часот во делот на место викано Кнежински ливади, ШСЕ Дреново, 14 оддел, затекнато е бесправно посечено дабово и буково огревно дрво и по извршената контрола констатирано е дека дрвата не се жигосани и истите се одземени и префрлени во склад на Лопушник Кичево.
-информират од ЈП Национални шуми.