Одземена лиценцата за марихуана на братучедите Трајче и Бобан Заеви – зошто?

0
474

Влада со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, објави analitikum.mk.

Компанијата од Валандово од 18 октомври има одлука за „престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“, објави порталот ФАКТОР.

Одлуката стапила на сила од 22 октомври. Се уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но соопштена е во „Службен весник“. Фарма Медика Канабис лиценца за одгледување на канабис од Владата добила во 2018.

„1.Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”, објавено е во Службен Весник.

Според актот на одземање на дозволата, Фарма Медика Канабис има иста судбина како американската „5 Летерс“, досега најпознатата компанија на која и е одземена лиценцата. Министерството за здравство и Комисијата која ги издава лиценците при контрола на почетокот од 2021 утврди дека дел од прозводството било без дозвола, при што Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 Летерс“ лоцирана во селото Алданци, Крушево.

Текстот во целост на: analitikum.mk.