Грчката полиција разоткри синџир на трговија со мигранти со кој раководеле затвореници од грчките затвори

0
227

Полицијата разоткри банда за криумчарење мигранти која дејствувала од грчките затвори, објавија денеска грчките медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според полицијата, со синџирот раководеле затвореници од два затвора, еден на островот Крит и еден во предградие на главниот град Атина.

„Водачот е 39-годишен сириски или ирачки државјанин со кодно име „Мариос“, соопшти полицијата, и додаде дека тој раководел со еден од најголемите синџири за трговија со мигранти од својата затворска ќелија во Хања, Крит.

Трговците со луѓе превезувале мигранти од границата со Туркије во Еврос до континентална Грција.

При рацијата на ќелијата на водачот, полицијата пронашла мобилни телефони со кои тој комуницирал и ја организирал нелегалната трговија, како и рачно напишани белешки со имиња и суми на пари.

Водачот веќе е осуден за истото дело, откако во 2019 година е уапсен за нелегална трговија.

Во синџирот биле вклучени уште тројца затвореници од затворот „Коридалос“ во Атина, од затворот во Амфиса и од затворот во Комотини, кои веќе отслужуваат казни за трговија со мигранти.

Полицијата, исто така, соопшти дека трговците на луѓе краделе автомобили, обично џипови и СУВ-возила од Атика и ги користеле за транспорт на мигрантите од границите.

Вкупната сума пари што мигрантите требало да им ја платат на трговците со луѓе за да стигнат до крајната дестинација изнесува над 10.000 евра.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).