Нема да одам на отворањето на бугарскиот клуб. Ниту делегација на СДСМ, ниту владина. Ние имаме зацртано пат за отворање на официјален македноски клуб. Кога ќе се отвори тој клуб ќе бидеме таму, вели за „Студио 10“ Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања.
-Ова е приватна иницијатива. Секој има право да реализира. Ќе видиме како ќе се одвива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видием дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницитијава, рече тој.
Додаде дека немал информација кој стои зад ова инцијатива и „која е целта“.