Поскап бензин од полноќ

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари.  Не се менуваат малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари,  100 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 97 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1). РКЕ одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на вчерашната одлука.

 

РКЕ