Над 20 илјади граѓани се вакцинирале против сезонски грип

Над 20 илјади дози вакцини против сезонски грип се аплицирани заклучно со вчерашниот ден на вакциналните пунктови низ државата, а веќе се закажани 39 илјади термини, информира министерот за здравство Беким Сали.

Вакцинацијата годинава започна навремено, првпат досега почна во месец октомври, за разлика од претходните години кога почнувала во ноември, односно во декември, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали на денешната посета на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Од следната недела тимовите за имунизација од здравствените домови ќе почнат и со теренска вакцинација во домовите за стари лица, а ќе се вакцинираат и пациентите од хемодијализните центри.

фото: Архива