Џулија Фиона Робертс актерка која зрачи со позитивна енергија преку магична насмевка, ѕвездата на филмот „Јади, моли се, сакај (Eat, Pray, Love)“ и (базиран според книгата на Елизабет Гилберт) и „Pretty Woman“ во зрелите години промени многу работи во својот живот – од ставот, прифаќање на природниот изглед, медитација и поедноставен поглед на животот денес полни 55 години.
View this post on Instagram
Покрај работата, актерката, како што наведува, се труди што повеќе време да поминува во семејниот дом со своите најблиски, а како што се зголемува бројот на свеќи на нејзината торта, таа се повеќе инсистира дека „женската убавина доаѓа од внатре”.
Денес ви пренесуваме четири моќни пораки од Џулија Робертс за изгледот, љубовните врски и животот – кои ќе послужат како инспирација за многу жени:
„Совршеноста е болест на многу жени. Ги покриваме нашите лица со тон шминка. Редовно си вбризгуваме ботокс и се изгладнуваме за „совршен изглед“. Се обидуваме да поправиме нешто што воопшто не ни треба. А она за кое прво треба да се грижиме, останува без наше внимание“.
„Жените не се центар за рехабилитација за мажи. Тие не мора да ги чуваат, менуваат и да се грижат за нив. На жената ѝ треба партнер, а не проект“.
„Колку жената старее, толку повеќе нејзиниот внатрешен свет се рефлектира на нејзиното лице…“
„Апсолутно не сакам од своите деца да правам мали генијалци, мали актери, мали успешни бизнисмени. Сакам децата да влегуваат во куќата валкани и со мирис на пот, прашина и сонце“.
Познатата актерка Џулија Робертс се заљубила во својот сопруг на прв поглед, вели таа, а тој тогаш бил во брак.
Актерката Џулија Робертс (54) ја прослави 20-годишнината од бракот со камерманот Даниел Модер (53), а својата среќа ја сподели со обожавателите на Инстаграм.
„Не можам да престанам да се смеам, не можам да престанам да бакнувам“, напишала познатата актерка покрај фотографијата на која се бакнува со сопругот.
Познатата актерка, позната и по убавата насмевка, се омажи за музичаркот Лил Ловет во 1993 година, но се разведоа по само две години брак. Во 2002 година, таа повторно се омажи за камерманот Даниел Модер, со кој е во брак и денес. Свадбата се одржа на нејзиниот ранч во Таос, Ново Мексико.
zenskimagazin.mk