(ФОТО) Пецаков во обиколка на дел од градежните активности на територијата на општина Охрид

Денеска извршивме обиколка на дел од градежните активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид. Во моментов се работи на 10 локации.
Ги посетивме активностите за изградба на фекална канализација кои се одвиваат на краци од улиците ,,Дејан Војвода” и ,,Ариф Мустафа”. На ,,Дејан Војвода” канализацијата е во должина од 130 метри, а на ,,Ариф Мустафа ” во должина од 120 метри.
Направивме обиколка на активностите за изведба на нова водоводна линија во Лескоец во должина од 610 метри. Вредноста на овој зафат е околу 1 800 000 денари.
Ја посетивме улицата ,,Мирка Гинова”. Тука асфалтирањето беше во должина од 140 метри и ширина од 4 метри.
Велгошти добива ново повеќенаменско игралиште. Вредноста на овој проект е околу 3 700 000 денари.
На крај ги посетивме активностите кои се одвиваат на крак на улицата ,,Радојца Новичиќ” и улицата ,,Будва”.
На ,,Радојца Новичиќ” се работи на оформување на тротоарски површини, се постави ново осветлување, каблите се спуштија под земја и се изгради ѕид во речното корито на реката Сушица.
На ,,Будва” се врши гребење на стариот асфалт и улицата се подготвува за асфалтирањето. Претходно на двете улици се замени и прошири фекалната канализација, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.