Пецаков: Инвестираме во секој дел на територијата на Општина Охрид

0
184
Деновиве се одвиваат градежни работи за изградба на нов водовод за потребите на жителите на село Куратица. Со овие зафати значително ќе се подобри водоснабдувањето во текот на целата година.
Проектот го изготвивме по претходно извршени геомеханички испитувања.
Вредноста на проектот е околу 800 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид, пишува во објавата на Фб градоначалникот Кирил Пецаков.