Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Бугарија Галаб Донев, денеска одржаа билатерална средба каде фокусот на разговорот беше интензивирањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.
Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете земји за напредок на меѓусебните односи.
На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше и за можностите за проширувањето на капацитетите на гасоводот и продлабочена соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент.
извор: Влада