Снаа со автомобил го прегази својот свекор кој починал на лице место.
Вчера во 13.30 часот e пријавено дека во скопското село Глуво И.С.(30) движејќи се во двор од куќа со автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, удрила во нејзиниот свекор Б.С.(84), кој починал на местото на настанот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Полицијата соопшти дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
извор: МВР