Настани на денешен ден, 31 октомври

1517 На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“.

1876 Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести.

1892 Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс.

1924 Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.

1956 Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет.

1984 Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики.

1994 водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата.

1995 Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ.

 

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија