Од вчера активен пожар во близина на превојот „Стража“ кај с.Колари

0
247

Од вчера попладне во ТППЕ Кичево бил пријавен пожар , при што веднаш било интервенирано од страна на кичевските пожаникари, кои го лоцирале пожарот над кичевското село Колари, во близина на планинскиот превој Стража.

Како што информира ТППЕ Кичево, гори ниско стеблеста шума, додека непристапниот терен создавал дополнителни проблеми во справувањето со пламените јазици и иститот  е активен и денес.

Од таму апелираат до неодговорните и несовесни граѓани дека топлото време е погодно за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева.

 

porta.mk