(ВИДЕО)Украинците соборија руски проектил кој падна во Молдавија

0
251

Владата во Кишињев соопшти дека руски проектил соборен од украинската противвоздушна одбрана денеска паднал врз село во северна Молдавија.

Во инцидентот нема повредени.

Министерството за внатрешни работи на таа држава соопшти дека проектилот паднал врз селото Наславчеа блиску до границата со Украина, при што биле искршени прозорци во неколку домови, но нема жртви.

видео: TWITTER