(ВИДЕО) На тениски терен татко ја тепа својата ќерка во Белград

0
387

Татко кој  брутално ја тепа својата ќерка беше снимен на тениски терен во Белград, а видеото го потресе Балканот и спортскиот свет пошироко.

Порталот Нова пишува дека се работи за кинески државјани кои престојуваат во Србија, а се шпекулира дека таткото е тренер кој бил незадоволен од тоа како ќерка му напредува во тенис. По инцидентот, В.Л.(50) бил уапсен.

Снимката го потресе тенискиот свет. Еден од најголемите фан сајтови објави детална сторија за снимката со следната порака:

„Пратете го таткото во затвор“: Љубителите на тенисот бараат акција против таткото кој ја удри ќерката на тениско игралиште“.

 

nova.rs