Петти избори во Израел за период од четири години

0
245

Во Израел денес се одржуваат општи избори, петти во помалку од четри години, известува Агенција Анадолија (АА).

Околу 6,7 милиони гласачи ќе имаат можност до 22 часот по локално време да ја извршат граѓанската должност на повеќе од 11.700 избирачки места.

Во државата се преземени строги безбедносни мерки, вклучувајќи ангажман на околу 18.000 членови на безбедносниот персонал.

Поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху има за цел да ја врати власта, а предизборните анкети покажуваат дека неговата десничарска партија Ликуд (Консолидацијата) би можела да обезбедни 60 од 120 места во Ксенетот (израелски парламент). Центристичката партија Јеш Атид (Има иднина) на актуелниот премиер Јаир Лапид би можела да биде втора партија со најголем број освоени пратенички места.

Изборните резултати од гласањето во Израел би требало да бидат објавени во среда.

извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).