Пукање во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

СВР Скопје соопшти дека едно лице било примено во болница со повреди, откако било нападнато по недоразбирање во сообраќајот.

„Денеска (01.11.2022) во 02.46 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.З.(23) од с.Мирковци, скопско. Според пријавеното, тoj се здобил со повредите околу 01.30 часот во с.Мирковци при физички напад. Како што пријавил, поради недоразбирање во сообраќајот, едно лице испукало кон него со огнено оружје, но не го погодило, а потоа друго лице физички го нападнало“, се вели во соопштението на МВР.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземат мерки за расчистување на случајот.

 

 

МВР