Драма на аеродром: Бразилец проголтал 117 капсули кокаин – полицијата шокирана

0
254

Хрватската полиција денеска на аеродромот во Загреб уапси шверцер на кокаин, 45-годишен Бразилец, кој проголтал вкупно 117 капсули полни со 1,17 килограми кокаин.

Тој утрово пристигнал на аеродромот „Фрањо Туѓман“ со лет од Сао Паоло преку Лисабон.

При царинскиот преглед во 24 капсули кои природно ги исфрлил при летот биле пронајдени 240 грама кокаин, а недолго потоа при службени мерки и дејствија пријавениот извадил уште 31 капсула полни со кокаин со тежина од 310 грама.

Заради заштита на здравјето и животот, на осомничениот му била укажана соодветна лекарска помош, при што била направена рендгенска снимка на желудникот на која биле забележани уште неколку капсули во дигестивниот тракт на осомничениот, пренесува „Јутарњи лист“.

За време на престојот во болница се оправдани сомнежите на цариниците и полицајците и се докажа дека тој во телото имал уште 62 капсули полни со кокаин.

фото: Архива