Најбогатите Руси изгубиле 83,4 милијарди долари во 2022 година

Богатството на најбогатите руски бизнисмени се намали за 83,4 милијарди долари од почетокот на 2022 година, според Индексот на милијардери на Блумберг објавен во вторник.

Богатството на Владимир Потањин, претседателот на холдингот Интеррос и рударската компанија Норникл, сега, според пресметката на Блумберг, изнесува 29,8 милијарди долари, што е за 1,08 милијарди долари помалку од почетокот на годината, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Тасс.

Леонид Микелсон, претседател на Управниот одбор на Новатек, изгубил пет милијарди долари од јануари 2022 година и неговото нето богатство се проценува на 27,4 милијарди долари.

Алексеј Мордасов, претседателот на Управниот одбор на Северстал, сега има 21,1 милијарди долари, односно 7,78 милијарди долари помалку отколку на почетокот на годината.

На листата се најдоа претседателот на Управниот одбор на НЛМК, Владимир Лисин, со богатство од 20,2 милијарди долари, по загуба од 7,8 милијарди долари, потоа поранешниот извршен директор на Лукоил, Вагит Алекперов, кој е „полесен“ за 1,86 милијарди долари, а сопственикот на Металоинвест, Алишер Усманов со загуба од 3,38 милијарди долари.

 

 

kumanovskimuabeti.mk