АЛСАТ: Вработена на онкологија тврди дека доктори препродаваат лекови на болни од рак

Медицински персонал од Клиниката за онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак. Вработена во клиниката која сакаше да остане анонимна вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат, објави alsat.mk.

Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии.

 

извор: alsat.mk.