(ФОТО) Лила со заедничка фотографија за роденденот од синот единец Филип

Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.

По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

Лила објави слика со сбојот син Филип како позираат во опуштено издание и до неа напиша емотивна посвета за својата најголема љубов: Ти ме чуваш , ти ме пазиш, ти си мојот штит , моја сигурна зона, ти си моето сѐ.

на социјалните мрежи и во своите интерјуа обично зборува на весели теми, а за нејзиниот приватрен живот сите се интересираат.

Но, во една прилика, таа јавно проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, загубата на нејзиниот татко Милан по чие име таа всушност ја додаде буквата М во нејзиното име и презиме и сега е Лила М. Стојановска.

Таа за порталот „Женски магазин” истакна дека тој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.

„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила.

Нему му бил дијагностициран кан цер, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи тешката болест.

Лила додала дека татко ѝ Милан си заминал од овој свет пред осум години. „Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила.

 

info7.news