(ФОТО) Миладиноски: Заврши нашата голема Австралиска турнеја 2022 а ние сме конечно дома

0
173
Изминатиот период од месец и половина беа дел од австралиската дијаспора. Нашите најголеми фолк имиња Влатко и Златко Миладиноски заедно со својот братучед Дамјан Стојаноски ги полнеа салите заедно со акедонците кои живеат во оваа далечна земја. Впечатоците се позитивни а во својата објава на ФБ Влатко Миладиноски напиша:
-Во овие 38 дена поминавме мноогу километри и многу долго “бевме во облаците!!
Поминавме во скоро сите градови ширум Австралија.
Видовме многу Македонци,нашинци,пријатели познаници и роднини!
Одржавме голем број на концерти и се изнапеавме наши македонски песни!!
Ова “Terrific trio” (како што не нарекуваа),составено од
Влатко/Дамјан/Златко
си замина од Австралија со длабоки траги и спомени и со надеж дека сме оставиле мал белег во Австралија со нашата турнеја!!!
За крај благодарност до друштвото “Никола Карев” за прекрасната организација,гостопримството и доделените плакети за најуспешна турнеја(по втор пат).!!
Поздрав и благодарност до сите наши блиски луѓе кои во одредени места беа цело време со нас и покрај нас!!
Бесценета подршка!!
Ние продолжуваме понатаму со нашите активности периодов!!!
Живи здрави и весели да се гледаме за убави нешта и на убави места!!
фото ФБ