Шерон Стоун оди на операција, има тешка дијагноза

0
216

Холивудската актерка и една од најубавите жени на светот, Шерон Стоун објави дека и е дијагностицираната сериозна болест.

На Твитер објави дека има тумор кој треба да се отстрани, со што ги изненади и загрижи обожавателите.

-Штотуку имав уште една погрешна дијагноза и неточна процедура. Овој пат двоен епидурал. По влошување на болката отидов на второ мислење: Имам голем фиброиден тумор кој мора да се извади, стои во објавата на актерката.

Фиброидите се неканцерозни израстоци кои се развиваат околу или во матката. Се состојат од мускулно и фиброзно ткиво и може да се со различна големина. Познати се и како миоми на матката.

Актеката испрати и важна порака до сите жени со цел да внимаваат на своето здравје.

-Посебно за дамите: Не се правете дека не ви е важно, побарајте друго мислење. Тоа може да ви го спаси животот, наведе Стоун.

 

kurir.mk