(ВИДЕО) Емотивно видео на Шакира, му ги бакнува нозете на болниот татко

0
201

На видеото што го сподели на својот Инстаграм се гледа како Шакира му помага на својот татко да ги зајакне нозете користејќи физио-техники, додека лекарот гледа од страна.

„Животот е она што се случува помеѓу посетите во болница и костимите за Ноќта на вештерките“, напишала таа во описот на објавата, во која во еден момент може да се види како ги бакнува нозете на нејзиниот татко. „Те сакаме кралице“, „Сите знаат колку го сакаш“, „Љубовта меѓу таткото и ќерката е неизмерна“, напишаа фановите во коментарите на Инстаграм.

И поранешниот партнер на Шакира, Жерар Пике го посети Вилијам во болница. Ова го потврдила мајката на пејачката, Нидија Рипол, која проговорила за медиумите и изјавила дека тие се „сè уште семејство“. Нидија открива и дека нејзиниот сопруг е во стабилна состојба, но дека се уште не знаат кога ќе биде пуштен од болница.

 

kanal5.com