Поранешната сопруга на Горан Алачки, Адријана, на својот профил на социјалните мрежи, се прости од својата некогашна свекрва и објави фотографии од „Вкусот на традицијата“, на кои се гледа дека се дружеле во шоуто.
Но Горан Алачки вчера, ги замоли медиумите да не прават циркус од упокојувањето на неговата махјка, со тоа што објавуваат статуси од негови поранешни членови на семејството.
Исто така Горан објаснио дека неговата мајка била разочарана од дотичната особа, за што пишува подолу во неговиот статус.
Инаку во октомври 2018 година, медиумите пишуваа дека после цели седум години од разводот кој беше прилично медиумски неинтересен, се чини дека меѓу некогашната брачна двојка Алачки се распалија искри на нетрпеливост“, објави Курир тогаш.
Тоа го потврди лично познатиот музичар, испраќајки јавно соопштение до сите медиуми во кое децидно го нагласи следното:
“Презимето АЛАЧКИ не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме.
Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била АЛАЧКИ туку АЛАЧКА во сите исправи и во пасош”…Ви благодарам!“, напиша горан Алачки тогаш.
Оваа случка беше единствената црна дамка која медиумите ја пишуваа за познатата двојка, која се раздели пријателски.
info7.news