Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката ќе зеде учество на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски.
Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.
– Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стои во пораката од Гиговска.
vesnik.com