Околу 100 вработени во ЈП Водовод остануваат на улица, затоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре – дознава Радио Лидер.
Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински затоа што не постапил по нејзиното барање да влијае на тендерот од на тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје.
Станицата е финансирана со европски пари, па вчера Перински доби поддршка од Европската Инвестициска Банка. Потегот на Арсовска да не ги продолжи договорите на вработените, во кулуарите на компанијата го коментираат како реваншизам.
lider.mk