Маж во Катланово си го скршил вратот при пад во необележана ископана шахта за одвод

Маж на возраст од 68 години почина утринава откако си го скршил вратот при пад во необележана ископана шахта за одвод, информираа од МВР.

„На 21.04.2013 год. околу 10 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал. Од лекар од итна помош констатирана е смрт“, информира МВР.

Како што објави Телма, надзорот врз овој необезбеден дел го врши фирмата „Евроконсалтинг“, која е дел од конзорциумот за Коридор 8 и Коридор 10д.

Фото: Архива