Северна Кореја штотуку лансираше уште една ракета, а властите во Јапонија се сомневаат дека станува збор за балистичка ракета.
Во меѓувреме од кабинетот на јапонскиот премиер соопштија дека е издадено итно предупредување.
Северна Кореја утринава повторно истрела неколку балистички ракети, вклучувајќи и проектил што активираше предупредувачки аларми во неколку делови од централна и северна Јапонија, соопшти претходно денеска официјален Токио.
Јапонската влада првично соопшти дека ракетата ја прелетала територијата на земјата, што подоцна беше демантирано.
nezavisen.mk