Попладнево пред СВР-Битола, организирани од политичката партија Левица, на мирен протест беше побарана слобода и правда за Ламбе Алабаковски, кој е во притвор заради палење на вратата на Културниот центар „Иван Михајлов” во Битола.
Во изјава за медиумите, локалниот претседател на Левица, Горан Велевски побара итно ослободување на Алабаковски.
-Битола е град на херојот Стив Наумов и во овој град нема место за Ванчо Михајлов. Бараме ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски и бараме информација од Централниот регистар дали е правно отворен клубот во Битола кој во моментов претставува провокација за битолчани, истакна Велевски.
Мирниот протест заврши со марш на учесниците по булеварот „1. Мај“ каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола.
sitel.mk