Во време на голема светска економска и енергетска криза, Владата на СДСМ продолжува со реваншистички политики и одлуки кон локалната самоуправа.
Изминативе месеци македонската јавност е сведок на целосното отсуство на слух за барањата на општините и јавните општински комунални претпријатија, кои се соочуваат со големи тешкотии во функционирањето, пред се како резултат на енормното покачување на цените на електричната енергија и горивото, велат од комисијата за локална самоуправа од ВМРО ДПМНЕ.
Во својата објава од комисијата додаваат:
Залудни беа апелите на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кои со месеци алармираат дека струјата која ја плаќаат јавните претпријатија и општините е зголемена од 5 до 10 пати во однос од пред неколку години, со што ги има доведено истите на работ на банкрот.
До овој момент Владата на СДСМ одби да даде било каква финансиска помош за надминување на проблемите со кои се соочуваат овие претпријатија, исто како и помошта која по медиумите декларира дека ја дава на граѓаните и стопанството, а каде сето тоа е само на хартија и без никакви суштинска помош.
Во недостаток на суштински мерки и вистинска помош, деновиве Владата на СДСМ нанесе нов удар за локалната самоуправа, а тоа е одлуката со која се забранува на општините и Градот Скопје да основаат јавни претпријатија, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.
Ова беше еден од механизмите со кои на општините им се дава за поефикасно менаџирање на средствата на граѓаните, бидејќи истите се со мал број вработени и мал приход, а со тоа како такво го префрлува уличното осветлување на таканаречениот регулиран пазар, каде што може да се набави електрична енергија за пониска цена. Со оваа одлука и забраната за формирање за вакви претпријатија, Градот Скопје и повеќето општини, кои се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени, како такви се принудени струјата да ја набавуваат на слободниот пазар, каде во моментов имаме екстремно високи берзански цени.
Со оваа одлука на Владата, која е спротивна на Законот за енергетика, Законот за локална самоуправа и Законот за јавните претпријатија, општините се ставаат во крајно неповолна положба и во недостаток на вистинска помош Владата се обидува да ги саботира активностите на општините за успешно менаџирање во време на криза.
Навистина е жално што СДСМ имаат загубено целосен интерес за барањата, потребите и укажувањата на општините и јавните општински претпријатија, кои со месеци бараа средби и решенија за нормално функционирање во време на претстојната зима. Она што е пожално е промената на односот на СДСМ кон општините, особено по локалните избори, каде недвосмислената финансиска поддршка и расфрлањето со државни пари и бришења на долгови се сменија со блокади, забрани и целосно игнорирање.
Поради овие состојби за кои се виновни СДСМ и никој друг, во време која Владата е целосно делигитимирана, потребно е истата да си замине час поскоро!
Предвремени избори мора да има час поскоро!
извор: Комисијата за локална самоуправа ВМРО ДПМНЕ