Денеска е Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Овој ден знаеме дека со сигурност не го слават Зоран Заев, Димитар Дезертер Ковачевски, Драги Рашковски, Мухамед Зекири, Ден Дончев, Венко Филипче, Васко Ковачевски, Боро Марлборо, Лидија Димова и плејада функционери од СДС кои во изминативе години раководеа државни институции и министерства, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Знаеме дека иако декларативно се смеат на странскиот тим за истраги во Македонија, длабоко во себе не се воодушевени што ќе бидат под лупа на луѓе чиј шеф не е Оливер Спасовски, па да завршува се како полицајката која ја тепаше возилото Пајак. 6 години власт во Македонија е СДС, а борбата против корупцијата не е подобрена, напротив е влошена.
извор: ВМРО ДПМНЕ