Јаневска до антикорупциска: Криминалот при полагање правосуден испит не може да застари и не може да помине само со поништување

Претседателката на Комисијата за антикорупција повторни се заинтересира за криминалот при полагање на правосуден испит и упис на Академија за судии, иако претходно рече дека случајот е стар 7 години и застарен. Ваков случај не може да застари и не може да помине само со поништување на правосуден испит! Одговорност за незаконко работење нема? И тоа не само на кандидатот, туку и на тие што дозволиле ова да се случува.

Ја информирам Претседателката на Антикорупциска комисија дека според Закон за архивско работење (член 19 и член 21) постојат 2 вида архивски документи: ТРАЈНИ и времени, пишува на Фејсбук, професор д-р Весна Јаневска.

Понатаму таа пишува:
На факултетот каде што завршил младиот Џафери постои Матична (главна книга) на запишани и дипломирани со датуми. Постои исто таква книга за сите што положиле правосуден испит и исто таква книга за сите што се запишале и завршиле на Академијата за судии. Сите овие книги се ТРАЕН архивски материјал и се наоѓаат на листата за архивски материјал, со архивски броеви, што ја доставиле институциите до Архивот на Р. Македонија, која ја одобрува оваа листа како и листата за документарен материјал. Овој документарен материјал е со времен рок, но неможе кој како сака и кога сака да го уништува. За да се уништи времен архивски материјал Министерството за правда требало да формира Комисија за поништување, да побара дозвола од Архивот и потоа да го поништи материјалот со времено траење. Ако ова не е сторено, криминал. Ако нема главни книги, криминал. Проблемот е лесно решлив, само ако се сака!
Мала помош од мене: Барлет Џафери, Уверение за положен правосуден испит од 05.02.2015 год., со архивски број 08-4/135.
Сега само видете во Главната книга од факултетот кога се стекнал со 300 кредити + најмалку 1 година пракса.
Ова е лесно, следното е тешко. Кого ќе повикате на одговорност? Многу се.

извор: ФБ Весна Јаневска