ВМРО ДПМНЕ: Лукаревска и СДС можат да бидат горди, први сме од позади, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија

0
192

За какви инвестиции зборува Лукаревска, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија.

Со најголеми буџети од над 5 милијарди, 7 години не можат да го направат патот Охрид Кичево, кој беше оставен со над 60% реализираност. 1 километар од Скопје до Блаце не можат да почнат, а не пак да го направат, еден селски пат немаат направено, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:

Лукаревска е најнеуспешен директор на УЈП. Милиони се испумпаа од УЈП со фиктивни фактури, кога ВМРО-ДПМНЕ објави таа негираше, за сега сама да признае дека имало криминал.

Јавниот долг го зголемија за 70% за 7 години, а лекови за болни нема.

Милиони фрлија по тендери, а секоја учебна година почнува без учебници.

Државата е колабирана по сите основи.

Сите земји од регионот од 2017 до 2023 годима имаат раст на БДП по глава на жител над 50%, само Македонија со СДС и ДУИ 20%. Прашањето како е тоа можно? Одговорот е имаме влада која е двојно послаба од владите во сите околни држави од Албанија, преку Србија и Црна Гора до БИХ. Нема држава во регионот која е зад нас.

СДС и ДУИ можат да бидат горди, први сме, но од позади.

СДС и ДУИ ја уништија државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

извор: ВМРО ДПМНЕ