Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски информираше дека во Тетово е формирано граѓанското здружение “За заедничка иднина” – Тетово.
“Одржавме средба со иницијативниот одбор и за Претседател на здружението во Тетово е избран Небоиша Захариевски. Граѓанскиот концепт се шири, граѓаните ги препознаваат нашите вредности. Продолжуваме…” истакна Димитриевски.
Претходно беа формирани граѓански здруженија во Куманово, Прилеп и Крушево.
извор: ФБ Максим Димитриески