Мицкоски: Каква е врската помеѓу ЕСМ, албанската државна КЕШ, ЕТМТ Енерџи и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави нов податоци од серијата во која открива како се ограбува Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ:

Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ/ЕСМ, албанската државна енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје (омилен купец на вишоците на струја на ЕЛЕМ/ЕСМ) и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД?

Заедничкиот именител што ги поврзува сите овие субјекти е корупција и штета на граѓаните на Македонија. Како?

Имено, ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30 август до 6 септември, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 MWh.

Албанската државна енергетска компанија КЕШ исто така распишува оглас но за набавка на струја за периодот од 29 август до 4 септември по сличен профил како тој на ЕЛЕМ/ЕСМ во вкупна количина од 2100 MWh.

извор: ФБХристијан Мицкоски