Митева: Последиците кои произлегуваат од преговорите со Бугарија се резултат на катастрофалните политики на СДСМ, Ковачевски и Османи

0
376

Уште еднаш се потврди дека општата загриженост за начинот на кој се водат преговорите во Бугарија од страна на владата на СДСМ е оправдана. Уште еднаш се потврди дека последиците кои произлегуваат од преговорите се резултат на катастрофалните политики на Владата. Уште еднаш Бугарија има причина плус да прогласи успех, додека власта во Македонија има причина повеќе за молк, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Уште еднаш се потврди дека за штетните политики македонската јавност дознава од соопштенија на бугарските власти. Таканаречениот успех е уште еден пораз за македонската историја, за македонскиот идентитет и за македонската посебност. Владата на Ковачевски молчи, додека бугарската страна слави за успех во преговорите со историската комисија. Таканаречената позитивна атмосфера во преговорите овој пат резултира со договор за Цар Самоил. СДСМ, Ковачевски и Османи безидејни како да го прикријат ова со денови одбегнуваат да дадат конкретни одговори на македонската јавност. Ниту граѓаните, ниту пратениците не се информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех.

Што содржи овој таен договор, дали се откажаа од јазикот и кој е договорот за Цар Самоил. Нетранспарентноста на власта во преговорите ги доведува во прашање националните интереси на Македонија.

Ковачевски и Османи ги водат преговараат кои задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад затворени врати и тоа само ги потврдува сомнежите на граѓаните.

Ковачевски е должен да ја информира јавноста што до сега се преговарало, а Османи истото да го стори тоа пред пратениците во Собранието.