Министерот за внатрешни работи на Турција: Во хеликоптерска несреќа загинаа двајца пилоти

Во пад на хеликоптер во југоисточната турска област Газиантеп загинаа двајца пилоти, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.

„Хеликоптер регистриран во инвентарот на Одделот за авијација на Генералната дирекција за безбедност доживеа несреќа во селото Картал во округот Нурдаги“, наведе Јерликаја на социјалната мрежа Х.

Јерликаја истакна дека двајца пилоти на хеликоптерот, со кој последен пат е остварен контакт во 22:49 часот по локално време, загинале, а еден техничар е повреден.

Министерот изрази сочувство до семејствата на загинатите, а на техничарот му посака брзо закрепнување.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.