Еко-активист го блокираше сообраќајот, Германка ја фати за коса и ја извлече од патот

0
1183

На социјалните мрежи се прошири видео од Германка како влече еколошки активист од патот, кој го блокираше сообраќајот. Поради ова, русокосата дама на интернет беше наречена „брутална русокоса“.

На видеото се гледа како русокосата им вика на демонстрантите да се тргнат од патот во Ботроп, Германија, а потоа фаќа една активистка за коса и ја влече на тротоарот.

По протестот биле приведени активисти, а полицијата од Реклингхаузен потврдила дека демонстрантот е полесно повреден, јавуваат локалните медиуми. Се размислува дали ќе биде поведена кривична постапка против жената која го влечеше демонстрантот за коса.

 

Освен русокосата, активистите од патот ги поместија и други минувачи.

 

 

index.hr