Извршниот одбор на Партијата за општествен и економски напредок (ПОЕН) на седницата одржана на 24 Април 2023 година, ја разгледа и анализираше актуелната политичка состојба во државата и странство.
ПОЕН е на ставот дека патот кон целосна интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, како и бескопромисната борба против корупцијата е врвен и апсолутен приоритет во активностите и политичкото дејствување на партијата, се вели во соопштението од Партија за општествен и економски напредок ПОЕН/
Во продолжение на соопштението од партијата додаваат:
Уставните измени што треба да се спроведат во согласност со преговарачката рамка со ЕУ треба да започнат и завршат оваа година, а секој пратеник што ќе го закочи или прекине тој процес, ќе ја сноси историската одговорност за прекинување на современиот развој на идните генерации во процесот на евроинтеграциите. При тоа уставните измени треба да бидат само во делот околу внесувањето на заинтересираните заедници односно делови на народи во Преамбулата на Уставот, како и во делот на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, во согласност со потпишната и ратификувана Рамковна конвенција за заштита на национаните малцинства при Советот на Европа.
ПОЕН смета дека прашањето со јазикот и „20 проценти“ од амадманот 5 на Уставот треба да остане во духот на Охридскиот рамковен договор, а поединечните случаи од исполнувањето на условите предвидени со Уставот, да се реши со примена на механизмот на „уставен закон“. Впрочем таков уставен закон врз основа на амандамот 5 од Уставот требаше да се донесе уште во 2002 година, веднаш по објавувањето на податоците од пописот на населеннието, откако овој амандман се усвои и влезе во сила.
извор: Партија за општествен и економски напредок ПОЕН